Во Еквадор запленети 89 килограми кокаин наменет за Албанија

Од:

Во рамките на акцијата на „Аркано“ во Еквадор запленети се 89 килограми кокаин чија дестинација било албанското пристаниште Драч.

Според Министерството за внатрешни работи на Еквадор, на кое се повикуваат албанските медиуми, дрогата била откриена во контејнер со храна за кучиња која требало да биде транспортирана за Драч.

Акцијата била реализирана од секторот за броба против наркотични средства во градот Гуајас.

Шефот на споменатиот сектор, Омар Баез Паредес, изјавил дека агентите на секторот со помош на кучиња-душкачи направиле конрола на контејнерите при што во еден од нив ја пронашле дрогата, која била пакувана во 80 пакетчиња и скрина на дуплото дно на контејнерот. Полицијата уапсила неколку лица кои се дел од сега веќе разбиена меѓународна група шверцери на дрога.

Би можело да ве интересира

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Запленета пратка од 1,7 тони кокаин вреден над 50 милиони долари