Бродот „Јаохар Раним“ натоварен со 6000 тони пченица од Украина вплови во албанскиот пристанишен град Драч.
Пченицата е нарачка за компанија за брашно во Тирана. Ова е првиот брод што пристигнува во Албанија од Украина по руската инвазија на 24 февруари.
Тоа врз основа на постигнатиот договор меѓу Русија и Украина, со посредство на Турција да и се дозволи на Украина извоз на пченица блокирана во депоа поради војната.
Бродот бил натоварен на 28 јули во Измаил, најголемото украинско пристаниште, во Одеската област. Албанија дури 30 отсто од потребите за пченица ги обезбедува од Украина.
Извор: МИА