Во документите на ЦИА милиони страници за НЛО, контрола на мозокот, телепатија

Од:

Во 13 милиони страници објавени од ЦИА како декласифициран материјал, се наоѓаат и податоци кои се однесуваат на соборување на странски влади, но и за тајни проекти за употреба на телепатија (Star Gate – Ѕвездена капија).
Дијапазонот на документи, познат како “CREST database ” (CIA Records Search Tool) ги открива и материјалите за Виетнамската, Корејската и Студената војна.

Откриени се и податоците за познатите шпионски потфати, како за Берлинскиот тунел (прислушувањето на советската комуникација) од педесеттите години на минатиот век.

Освен политичките има и “сајнс фикшн“ информации како за злогласниот МК-ултра проект, односно програмата на ЦИА за контрола на мозокот, кој се засновал на нелегални експерименти со дрога, поради полесно испитување и утврдување на вистинските процедури за тортура.

Има и записи за тестирање на претскажувачот Ури Гелер во 1973 година, кој можел делумно да ги репродуцира записите нацртани во соседната соба.

Многу материјал има за појавувањето на неидентификувани летечки објекти (НЛО).

Во овие документи НЛО се дефинираат како “било кои објекти кои според ефикасноста, аеродинамичните карактеристики, или невообичаени карактеристики, не се во согласност со познатите воздухоплови или проектили”.

Постојат голем број на документи кои се однесуваат на видувањата на НЛО во Норвешка, Шпанија и Северна Африка и поранешниот СССР, но нема објаснување за што се работи.

Се наведува дека војската имала наредба да известува за секое забележување на НЛО, за големината. бојата, начинот на движење. Тоа се барало поради три причини: подготвеноста на воздушната одбрана за елиминирање на потенцијалните закани за САД или за нејзините вооружени сили; да се утврдат техничките или научните карактеристиките на таквите НЛО и на тој начин да се задржи военото разузнавање и технолошката доминација; да се објасни или да се идентификуваат сите вакви случаи, со цел да се одржи стратешката подготвеност.

Би можело да ве интересира

Србија подигна воени авиони: забележан неидентификуван летачки објект

Предраг Петровиќ

ЦИА го предупредила Бајден во 2022 година дека Русија може да употреби нуклеарно оружје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Досијеа икс“ на француски начин: научници го објаснуваат феноменот НЛО

Катерина Ѓуровски

Поранешен службеник на ЦИА осуден на 40 години затвор

Горан Наумовски

ЦИА и Мосад разговараат за можни решенија за Газа

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА сексуално злоставувал и дрогирал 20 жени

Горан Наумовски