Данската полиција соопшти дека во два одвоени инциденти со пиротехника на север во државата загинале три лица, и две се повредени.
Несреќите се случиле за време на испукување пиротехнички средства. Не е познато дали двата инцидента што се случиле во данската општина Маријагер Фројд се поврзани.
Полицијата во округот Северен Јутланд, каде се случија несреќите, не соопшти повеќе детали со образложение дека не е завршена истрагата.