Во Чешка има 11.500 бездомници, една третина од нив работат

Од:

Во Чешка, земја со 10,5 милиони жители, се регистрирани 11.500 бездомници на кои им е потребна социјална помош и сместување, јави дописникот на МИА од Прага.

Според податоците на Чешкиот завод за статистика, кој првпат ја попиша оваа категорија на луѓе на Пописот во 2011 година, една петтина од вкупниот број на лица кои немаат каде да живеат се жени, а секој трет од нив има работа.

Истражувањето, покажува дека тие најчесто престојуваат во специјалните домови за азил и преноќишта кои се во надлежност на локалните органи. Најчесто овие луѓе работат во автомобилската индустрија и градежништвото.

Во чешката метропола има 5.000 лица кои се водат како бездомници, од кои 86 проценти се мажи, а 14 отсто жени. Околу 1.800 од нив живеат буквално на улица.

Според предвидувањата, во 2020 година бројот на лица без „покрив над главата“ ќе порасне на 13.000, од кои 5.000 ќе бидат „видливи“, односно ќе живеат на улица.

Невладините организации кои се грижат за оваа категорија на луѓе, тврдат дека нивниот број расте иако не драстично, а донациите се намалуваат.

Според сегашната општествена ситуација, бездомниците за разлика од 90-те години на минатиот век, сега најчесто имаат големи финансиски проблеми и поради тоа нивното вклопување во реалниот живот оди потешко.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски