Во Буенос Аирес протести против мерките за штедење

Од:

Десетици илјади луѓе протестираа во Буенос Аирес, Аргентина, барајќи зголемено финансирање за универзитетите и педијатриската грижа, откако тие беа намалени со мерките за штедење наметнати од режимот на аргентинскиот претседател Хавиер Мили.

Демонстрантите бараа укинување на забраните за јавно финансирање за универзитетите и детските болници што Мили ги воведе претходно овој месец, објави Ројтерс. Долниот дом на Конгресот ги поништи обете вета на Мили, но и Сенатот мора да го стори тоа за да ги поништи.

Мили ги намали јавните трошоци и месечната инфлација откако ја презеде функцијата во 2023 година. Неговата популарност драстично опадна по големите намалувања на буџетот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем протест во Чешка – граѓаните стравуваат за независноста на јавните медиуми

А1он

Атина: Повеќе од 50 лица вооружени со палки упаднаа на еден собир и фрлија молотови коктели

Париз не се откажува од солзавецот и шок-бомбите: Полицијата мора да се брани

(ВИДЕО) Полицијата со палки ги растера демонстрантите во Лисабон, отстранети се десетици шатори

(ВИДЕО) Најмалку 325 лица се уапсени на пропалестински протест во Лондон

Француската левица повикува на нов бран протести: „Министерот не е тој што треба да одлучува“