Рибарски брод денеска се преврти во близина на брегот на Никарагва при што исчезнаа 37 лица од вкупно 50 членови на екипажот.
Несреќата се случи 83 километри источно од градот Пуерто Кабесас.
Според првичните извештаи спасени се девет членови на екипажот, а уште четворица рибари успеале да допливаат до брегот.
Четири бродови трагаат по исчезнатите рибари кои ловеле јастози за компанијата „Марасул“.