Осумдесет и пет лица се удавија при потонувањето на мал брод, кој превезувал илегални имигранти од Либија во Европа, јави кинеската агенција Синхуа.
Засега не е позната националноста на жртвите.
Трагедијата се случила источно од либискиот град Триполи. Либија е појдовна точка за голем број незаконски мигранти од Блискиот исток и Африка, кои се обидуваат да стасаат до Малта и Италија и преку нив да влезат во земјите на Европската унија.