Во Брисел уапсен уште еден осомничен за нападите во Париз

Од:

Во Брисел уапсен е Мохамед Абрини, 31-годишен Белгиец, по кој се трагаше поради поврзаност со минатогодишните напади во Париз.

Абрини беше на списокот на најбарани лица во Европа, откако беше снимен во автомобил заедно со Салах Абдеслам, два дена пред нападите во Париз, што се случија на 15 ноември 2015 година.

Според белгиската телевизија Ве-Ер-Те, Абрини може да биде и „човекот со капата“, која беше снимен од камерите на аеродромот Завентам во Брисел, заедно со двајцата бомбаши-самоубици.

Абдеслам беше уапсен во Брисел пред две недели.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски