Во Брисел не се загрижени дека ќе доцнат вакцините „Џонсон и Џонсон“

Од:

Еврокомесарот за индустрија, Тиери Бретон, попладнево реагираше на најавите дека фармацевтската компанија Џонсон и Џонсон најверојатно ќе доцни со испораката на вакцини, и изјави дека не е загрижен поради тоа.

Вакцината на Џонсон и Џонсон сѐ уште не добила официјална авторизација за европскиот пазар од страна на европската агенција за лекови, ЕМА, но Бретон попладнево најави дека очекува лиценцата да стигне „во наредните денови или часови“.

Откако Џонсон и Џонсон ќе добие зелено светло за комерцијализација во ЕУ, Бретон ќе преговара директно со нив, како што кажа.

-Разбрав дека кога почнувате со производство на вакцини процесот е комплексен, Џонсон и Џонсон имаше проблеми во САД, колку што разбрав од медиумите, рече Бретон.

Но тој ги увери медиумите дека стратегијата на Европската Комисија ги интегрира и можните одлагања.

-Не сум загрижен, некои подобро ќе работат, некои ќе доцнат, имаме многу дејствија сега, има мини акции од страна на компании во случај нешто да не оди како што треба, така што фактот што една компанија има тешкотии не би требало да го загрози процесот, изјави Бретон на прес конференција во Брисел попладнево.

Би можело да ве интересира

ЕУ воведе контра-царини за американски стоки

ЕУ подготвува жесток одговор на американските царини

Горан Наумовски

Калас: Русија нема интерес за мир во Украина

ЕУ ќе обезбеди дополнителна воена помош за Украина

Заклучоците за Украина усвоени во Брисел, „за“ беа 26 од 27 земји

Горан Наумовски

Зеленски им се заблагодари на европските лидери за нивната поддршка на самитот во Брисел