Во Бриндизи запленети тон марихуана од Албанија

Од:

Италијанската полиција во пристанишниот град Бриндизи заплени тон марихуана натоварена на моторен чамец.

Во акцијата биле уапсени тројца Албанци, кои со дрогата тргнале од местото Мифол, кај албанскиот приморски град Валона.

Албанската погранична поморска патрола го забележала чамецот, долг осум метри, по што им дала предупредување на лицата на чамецот да запрат, по што почнала да пука. Наместо да запрат тие со максимална брзина се оддалечиле кон италијанските територијални води.

Веднаш била известена италијанската полиција, по што поморска патрола го следела чамецот.

Полицијат, во интерес на истрагата не ги соопштува имињата на уапсени Албанци.

Екс албанскиот премир и претседател, и почесен претседател на Демократската пртија Сали Бериша, на својот профил на Фејсбук напиша дека упасените нарко шврцери биле внуци на висока партиска функционерка и екс минитерка од редовите на социјалистите.

Доцна попладнево, албанскиот прв полицаец, Саимир Тахири ги отфрли сите обвинувања на опозицијата дека полицијата е вклучена во производството и шверцот на дрога. Тој рече дека денешната успешна акција во Бриндизи е резулатат на албанската полиција и на 11-те илјади полициски службеници им порача да не се разочаруваат, да се борат и да ја добијат битката.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца кумановци за поседување дрога

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски