Во Бразил пронајдени телата на британски новинар и староседелец

Од:

Денеска се пронајдени телата на британскиот новинар Дом Филипс и експертот староседелец Бруно Переира, кои исчезнаа пред повеќе од една недела во амазонската џунгла, пренесува бразилскиот портал G1, повикувајќи се на сопругата на Филис.

Претходно во неделата беше пронајдена облека на Переира, со лична карта на негово име, како и ранец со облека на Филипс и чизмите на двајцата мажи.

Властите сè уште не потврдиле дека нивните тела се пронајдени, информира Г1.

Сведоци рекле дека ги виделе Переира и Филипс, хонорарец кој пишувал за Гардијан и Вашингтон пост, како патуваат по реката на 5 јуни.

Двајцата мажи тргнале на новинарска задача во оддалечена област на џунглата на границата на Бразил со Перу и Колумбија, каде што се има најмногу нерегистрирани припадници на домородните народи.

Во таа област има многу банди кои шверцуваат кокаин, а е преполна и со шумски крадци и ловокрадци и диви рудари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски