Во борбите во Бани Валид убиен синот на Гадафи

Од:

Најмладиот син на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, Хамис, бил убиен за време на судирите во градот Бани Валид, едно од последните упоришта на Гадафи во Либија, соопштија либиските власти на првата годишнина од убиството на неговиот татко.

Во соопштението на Либискиот национален конгрес се наведува дека 28-годишниот Хамис е убиен „во борба“, без да бидат објавени повеќе детали.

Неговото тело наводно било пронајдено по жестоките судири меѓу силите лојални на Гадафи и вооружените сили на новата власт во Бани Валид.

Хамис Гадафи, кој многупати е прогласуван за мртов, е познат како еден од најтврдокорните синови на поранешниот либиски лидер.

За неговото вчерашно убиство засега нема докази.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски