ВИДЕО: Во бомбардирање во Мариупол оштетена е една од најголемите челичарници во Европа

Од:

Фабриката за челик Азовстал во Мариупол, една од најголемите во Европа, е тешко оштетена во бомбардирање, соопштија денеска украинските власти.

„Уништена е една од најголемите челичарници во Европа. Економските загуби за Украина се огромни“, изјави пратеничката Лесија Василенко, која на својот Твитер профил објави видео на кое се гледаат густи столбови чад како излегуваат од индустрискиот комплекс.

Друг пратеник, Серхи Тарута, на својата Фејсбук страница напиша дека руските сили кои го држат Мариупол под опсада „речиси ја уништиле фабриката“.

Извршниот директор на Азовстал, Енвер Цкитишвили, во видео порака на Телеграм рече дека неговата компанија презела мерки во фабриката од почетокот на руската инвазија на 24 февруари за да спречи загадување на животната средина доколку биде нападната.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли