Во богатите земји најмногу се умира од рак

Од:

Срцевите болести веќе не се водечка причина за смрт во богатите земји. Сега тоа е карциномот, којшто може да стане најголемиот светски убиец наредните неколку десетлетија, предупредуваат научниците.

Преку два обемни научни труда во медицинското списание „Лансет“, се изнесуваат податоци за новата „глобална епидемиолошка транзиција“ меѓу различните видови хронични болести. Срцевите заболувања засега остануваат водечки причинител на смртноста кај средовечните луѓе во дел од светот, и на нив отпаѓаат 40 отсто од смртните случаи. Но, тоа веќе не важи за земјите со високи приходи, каде што ракот сега убива двојно повеќе луѓе отколку срцевите заболувања.

– Истражувањата открија дека ракот беше втор најчест причинител на смртта во светот во 2017. и на тоа отпаѓа 26 отсто од смртните случаи. Но како што стапката на срцевите болести паѓа, карциномот би можел да стане водечки причинител на смрт во голем дел од светот за само неколку децении, смета Жил Дагенес, професор во Универзитетот Лавал во Квебек, Канада, кој е раководителите на оваа научна анализа.

Најчести причини за смрт засега се високиот крвен притисок, нездравата исхрана и пушењето

Од околу 55 милиони починати во светски рамки во 2017 година, околу 17,7 милиони умреле од кардиоваскуларни болести.

Земјите опфатени во трудот, се Аргентина, Бангладеш, Бразил, Чиле, Филипини, Индија, Иран, Јужна Африка, Канада, Кина, Колумбија, Малезија, Пакистан, Полска, Саудиска Арабија, Шведска, Танзанија, Турција, Обединеттити Арапски Емирати и Зимбабве.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска