Во Берлин започнува протестен митинг за мир и толеранција

Од:

На истото место каде што вчера демонстрираа неколку илјади проврзаници на ПЕГИДА или „Патриотските Европејци против исламизацијата на западот “ денеска во главниот град на Германија се случува протест за промоција на толеранција, осуда на нападите во Париз и осуда на антиисламските протести во Германија, јави дописникот на МИА од Берлин.

Пред Брандербуршката порта во треба да се обрати германскиот претседател Јоаким Гаук а подоцна на настанот кој ја испраќа пораката „Да бидеме тука еден за друг. Тероризам: не во наше име!“ ќе говори и канцеларката Ангела Меркел.

Протестот го организираат Централниот совет на германските Муслимани и Турската заедница во Берлин а на него според најавите ќе се појават и поголемиот дел од министрите во германската федерална влада предводена од Меркел која во осуда на антиисламските протести веќе изјави дека „исламот е дел од Германија“.

И покрај осудите од Меркел и голем број други умерени политичари на вчерашниот протест во Дрезден се собраа околу 25,000 демонстранти кои се загрижени за зголемената исламизација на западните вредности. Минатиот понеделник на истите протести беше постигната дотогаш рекордна бројка на присутни од 18.000 луѓе приврзаници на ПЕГИДА.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад