Во Бенгази убиен новинар во либиска телевизија

Од:

Непознати вооружени лица убија денеска еден водител во либиска телевизија во источниот град Бенгази.

Напаѓачите повеќе пати пукале кон Азедин Кусос, водител во телевизијата Ал Хура, додека седел во неговиот автомобил, паркиран во квартот Сиди Хусеин, откако присуствувал на молитва во џамија.

Кусос работел и во радио станицата Ал Манара ФМ, пред да се вработи во водечката приватна телевизија, која беше отворена по револицијата во 2011 година, со која од власт беше соборен режимот на Моамер Гадафи.

Новинарите во Бенгази изјавуваат дека програмата за човечкиот развој, која Кусос ја водел немала никакви политички конотации.

Либиските медиуми и новинари изминатите неколку месеци се честа мета на напади и киднапирања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски