Четворица странци се уапсени во источниот либиски град Бенгази под сомнение дека се христијански мисионери кои распространуваат литература што го популаризира христијанството, пренесоа британските меидуми, повикувајќи се на портпаролот на полицијата.
Тие се приведени во вторникот во издавачката куќа каде печателе илјадници книги, со кои се агитирало прифаќањето на христијанската вера, посочи вчера портпаролот Бин хамид.
-Ширењето на христијанството е криминал во оваа муслиманска северноафриканска држава, забележуваат американските медиуми.
-Проповедувањето на друга вера е забрането во Либија. Ние сме 100-процентно муслиманска држава и овој вид активности ја засегаат национална безбедност, рече претставникот на полицијата.
Уапсените лица се од Јужна Африка, Египет и јужна Кореја, а четвртиот од нив е со двојно, шведско и американско државјанство.
Полицијата соопшти дека открила 45.000 книги, а уште 25.000 веќе биле поделени.
-Уште ги водиме распитите, но за ден-два приведените ќе ги предадеме на либиските разузнавачки служби, рече полицискиот портпарол.