Во Белгија уапсен уште еден осомничен за нападите во Париз во 2015 година

Од:

Властите на Белгија уапсија уште еден осомничен за терористичките напади во Париз во ноември 2015 година, објави белгискиот весник „Дерниер Ер“.

Според весникот, како што јави дописничката на МИА од Брисел, станува збор за Мохамед Е., кој е уапсен пред божиќните празници и е обвинет за „учество во активности на терористичка група“.

Белгиските власти сметаат дека обвинетиот помагал во обезбедувањето на автоматските пушки употребени во нападите во Париз, при кои загинаа 130 лица.

Мохамед Е. се поврзува со Мохамед Бакали, кој им изнајмил возила на терористите од париските напади. Бакали беше уапсен во Белгија две недели по нападите.

Многумина од инволвираните во париските напади беа со потекло од Белгија и дел од нив помогале и во организирањето на нападите во Брисел во март 2016 година.

Би можело да ве интересира

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on