Во Белгија предлог-закон за намалување на возраста на полова зрелост

Од:

Белгиските социјалисти – франкофони и фламанци, поднесоа заеднички предлог-закон за намалување на возраста на младите за постигнување на полова зрелост.

Се предлага возраста да биде намалена од 16 на 14 години. Од таквата промена би бил засегнат Кривичниот закон. Со тоа би била признаена за законска сексуална врска на млада двојка, во кој едниот партнер има 14 години. Се бара и двата партнери во таквата врска да немаат разлика во возраста поголема од три години.

Поднесувачите на предлог-законот наведуваат дека промените ги бараат поради тоа што истражувањата покажале дека на секои десет години половото созревање се намалува за два до три месеци. Тие истакнуваат дека првиот сексуален однос најчесто се случува на 15,5 години.

Предлог-законот предизвика спорови меѓу родителите и експертите и се очекува набрзо да не биде изгласан.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски