Во Белгија конфискувани околу четири тони кокаин

Од:

Белгиската полиција откри и заплени приближно четири тони кокаин во градот Равелс, во близина на границата со Холандија.

Дрогата е пронајдена откако двајца холандски државјани, од претходно познати на полицијата, користеле апликација за навигација за да пристигнат до хангарот каде бил кокаинот. Во хангарот пронајдени се 68 торби со кокаин, со вкупна тежина од приближно 4.000 килограми.

Покрај двајцата холандски државјани, уапсени се уште и седум лица, кои биле затекнати во хангарот.

Белгиското пристаниште Антверпен, на 55 километри од Равелс, е познато како главна влезна точка за кокаин во Европа. Таму лани биле запленети рекордни 110 тони кокаин, 40 отсто од вкупната количина на овој вид наркотици конфискувана во Европа.

На почетокот на месецот Европската Унија и Белгија најавија дека ќе ги зголемат своите напори во борбата против трговијата со дрога.

Би можело да ве интересира

На преминот „Табановце“, уапсени странци кои криеле дрога

Полицајци случајно ги виделе како разменуваат нешто – по претрес најдени хероин, марихуана, амфетамини…

А1он

(ВИДЕО) Притвор за три групи дилери од Арачиново – Едни набавувале дрога, други наоѓале зависници и добивале процент

Анита Петровска Рајковиќ

Нова дрога се шири низ Лос Анџелес: Дилерите мешаат лекови за животни со кокаин и хероин, а луѓето шетаат низ градот како зомби и лежат по улиците

ВИДЕО: 105 килограми кокаин скриен во три контејнери со банани, грчката и македонска полиција разбија меѓународна мрежа за трговија со дрога

Горан Наумовски

ВИДЕО: Филмска акција во Скопје – сакале да бегаат со дрога вредна 400 илјади евра, 4 уапсени

Анита Петровска Рајковиќ