Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Од:

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Осомничените, велешанец и велешанка, во патничко возило „БМВ“ пренесувале од Скопје во Велес наркотична дрога која претходно ја набавиле.

При преглед на возилото во близина на патарината кај Сопот полицијата пронашла 13,16 грама хероин и 13,17 грама мешавина од кофеин и парацетамол која се користи како додаток за зголемување на масата на некои дроги, а биле пронајдени и парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за двете лица, особено имајќи ја предвид опасноста да се дадат во бегство и да го повторат делото.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет