Во Бејрут вонредна состојба на две недели, домашен притвор за службениците од пристаништето

Од:

Либан прогласи двонеделна вонредна состојба за градот Бејрут по катастрофалната експлозија вчера во пристаништето во која загинаа повеќе од сто луѓе, а беа повредени над четири илјади.

Либанската Влада прогласи „вонредна состојба во градот Бејрут на две недели, изјави министерот за информации Манал Абдел Самад на прес-конференција, објаснувајќи дека „врховниот воен орган веднаш ќе биде надлежен за безбедносните прашања“.

Владата, исто така, одлучи да ги стави во домашен притвор сите службеници од пристаништето во Бејрут, задолжени за надзор и безбедност на магацинот.

Не е јасно колку од нив ќе бидат во домашен притвор и какви функции извршувале.

Војската ќе проверува дали се во домашен притвор се додека не се утврди одговорноста за вчерашната експлозија во која загинаа најмалку 113 луѓе и над 4.000 се повредени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Најмалку 10 лица се повредени во експлозија во Турција

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Русија, едно лице загина, неколкумина се повредени

Горан Наумовски

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани