Стотици демонстранти се собраа вчера во азербејџанската престолнина на протест против предложените уставни промени, кои предвидуваат да биде зголемен мандатот на претседателот, пренесува БТА.
Учесниците во демонстрациите носеа портрети и постери како поддршка на опозициски активисти, кои се во затвор или во домашен притвор.
Уставните измени се предмет на гласање на национален референдум, закажан за 26-ти септември. Тие предвидуваат претседателскиот мандат да биде зголемен од сегашните пет на седум години и да биде укинато барањето за минимална возраст за кандидатите на претседателските избори.
Противниците на предлозите гледаат во нив алатка која ќе и овозможи на владејачката елита да ја зацврсти власта на долг рок.