Во Атлантикот потонал гумен чамец, се стравува дека се удавиле 52 африкански мигранти

Од:

Потонувањето на гумен чамец на пат од Африка за Шпанија преку Атлансткиот Океан, најверојатно не го преживеаја 52 лица.

Единствената жена што ја пронајдоа спасувачите изјавила дека бродот ја напуштил Африка пред една недела со 53 мигранти, јави денеска шпанската спасувачка служба.

Товарен брод вчера забележа гумен чамец во Атлантскиот Океан, 255 километри јужно од шпанските Канарски Острови и за тоа веднаш ја извести спасувачката служба.

Преживената жена на спасувачите им кажала дека чамецот тргнал од брегот на Западна Сахара и дека патниците биле од Брегот на Слоновата Коска.

Мигрантите често ги ризикуваат своите животи во обид да стигнат до европско тло.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека во првите шест месеци од 2021 година најмалку 250 мигранти загинале на пат кон Канарските Острови.

Според податоците на Групата за права на мигрантите „Вокинг бордерс“ во истиот период тие регистрирале 2.000 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто