Во армиската офанзива во Северен Вазиристан загинаа 17 екстремисти

Од:

Во воздушните напади на пакистанската војска загинаа 17 екстремисти во Северен Вазиристан, соопштија денеска пакистанските власти.

Авионите ги бомбардирале засолништата во подрачјата Даргаманди и Чашма Гаон. Хуманитарните организации ги интензивираа напорите за пружање на помош на бегалците кои ги напуштија своите домови поради воената офанзива. Приближно половина милион луѓе побегнаа поради офанзивата во Северен Вазиристан, кој граничи со Авганистан.

Од почетокот на офанзивата пред две недели загинаа околу 370 екстремисти и 12 припадници на безбедносните сили.

Вашингтон одамна бара од пакистанските власти да се пресмета со екстремистите во Северен Вазиристан. Офанзивата е преземена по нападот на исламистите врз аеродромот во Карачи, кога загинаа десетици лица.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска