Во американски воздушни напади во источна Сирија убиени 17 проирански борци

Од:

Најмалку 17 проирански борци се убиени синоќа во американски воздушни напади во Сирија, во близина на границата со Ирак, први по наредба на претседателот Џо Бајден врз објекти за кои Пентагон смета дека им припаѓаат на проиранската милиција, соопштија од Белата куќа и од сирискиот Центар за мониторинг на човековите права од Лондон.

-По наредба на претседателот Бајден, американската војска вечерва изврши воздушни напади врз инфраструктурата што ја користеа милитантни групи поддржани од Иран во источна Сирија, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Тој додаде дека Бајден ќе дејствува за да ги заштити американските и коалициските трупи.

-Истовремено, дејствувавме на одреден начин со цел да ја деескалираме целокупната состојба во источна Сирија и Ирак, додаде Кирби.

Според директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман, во нападите се уништени три камиони муниција, а многумина се убиени.

Тој изјави дека според првите податоци убиени се најмалку 17 членови на коалицијата на проирански и ирачки паравоени формации.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија