Во Америка лани се родиле најмалку деца во последните 40 години

Од:

Бројот на новородени деца во САД во пандемиската 2020 година е најнизок од 1979 година, а предизвиците со кои се соочи земјата поради последиците од пандемијата само ја забрзале стапката на пад на наталитетот, која е во минус шеста година по ред, пишуваат американските медиуми.

Според денеска објавен извештај, во САД лани се родиле нешто над 3,6 милиони деца, што е пад од четири отсто во споредба со 2019 година.

Податоците на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажуваат дека генерално опаѓа и плодноста на населението, што делумно се припишува и на анксиозноста и психичките последици на пандемијата, поради која голем број парови потешко се одлучуваат да имаат деца.

Големите корпорации како Нестле, Данон и Рекит бележат пад на продажбата на храна за бебиња, кој експертите исто така делумно го обаснуваат со падот на фертилитетот, кој во САД се мери како број на родени деца на 1.000 жени на возраст од 15 до 44 години.

Во исто време, слични трендови се забележуваат и во многу европски држави, а демографите предвидуваат дека тоа ќе продолжи и оваа година. Во Италија, на пример, наталитетот во декември забележа пад од 22 отсто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски