Внимавајте што јадете: 420 илјади луѓе годишно во светот умираат од труење со храна

Од:

Околу 600 милиони луѓе низ светот годишно заболуваат од конзумирање на загадена храна, а 420.000 од нив умираат, според СЗО.

Овие смртни случаи можат да се избегнат со заеднички напори, потсети Светската здравствена организација на Денот на безбедноста на храната.

– Ние имаме колективна одговорност да обезбедиме здрава и свежа храна, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во пораката за одбележување на Денот на безбедноста на храната, нагласувајќи дека децата се најранливи од тој проблем.

Тој нагласи дека „никој не смее да го загуби својот живот, обидувајќи се да јаде“, истакнувајќи ја одговорноста на производителите, владите, транспортните компании, продавниците и рестораните за безбедноста на храната.

– Подобрувањето на безбедноста на храната која ја консумираме, не само што ја намалува смртноста кај децата и неухранетоста, туку овозможува децата да пропуштаат помалку училишни часови, а возрасните да ја подобрат својата продуктивност и да го намалат притисокот врз здравствените системи, заклучи шефот на СЗО.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска