Властите на Никарагва уапсија новинарка од опозициска телевизија за тероризам

Од:

Новинарката Луција Пинеда од никарагванската телевизија „Сиен пор сиенто нотисиас”, која е критична кон власта, беше уапсена и обвинета за тероризам, соопшти Министерството за надворешни работи на Костарика. Новинарката има двојно костариканско државјанство.

Луција Пинеда, уредник во телевизијата „Сиен пор сиенто нотисиас”, беше уапсена во петокот, а вчера и беше подигнато обвинение за тероризам и поттикнување на омраза. Почетокот на нејзиниот процес е закажан за 25 јануари.

Во петокот беше уапсен и новинарот, сопственик на суспендираната телевизија, Мигел Морати, обвинет за тероризам и заговор.

Телевизијата информираше многу критички за серијата антивладини протести што започнаа во април. Мерките на Владата доведоа до смрт на најмалку 320 луѓе, според хуманитарните организации.

Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, кој е се повеќе изолиран на меѓународната сцена, го зголемува притисокот врз внатрешната опозиција, вклучувајќи ги и борците за човекови права, независните медиуми и граѓанските организации. И покрај протестите низ целата земја со барање за негова оставка, Ортега одби да ја напушти функцијата и да закаже избори.

Би можело да ве интересира

ЕУ санкциите против Никарагва продолжени за уште една година

Тропската бура „Џулија“ стигна до Никарагва, оштетени стотици куќи

Ана Ололовска

Ортега: Католичката црква е совршена диктатура и совршена тиранија

Бајден им забрани на претседателот на Никарагва и неговите министри да влезат во САД

Ана Ололовска

ЕУ го осуди автократскиот режим во Никарагва по претседателските избори

А1он

Ортега обезбеди реизбор за четврти мандат на изборите во Никарагва

Ана Ололовска