Владимир Путин на завршницата на големите воени маневри на рускиот Далечен Исток

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна на рускиот Далечен Исток, каде ќе присуствува на воените вежби во кои учествуваат неколку сојузнички земји, вклучително и Кина.

Како што изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рускиот претседател пристигнал на воениот полигон Сергеевски каде имал средба зад затворени врати со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов.

Тој додаде дека Путин по средбата ќе ја следи завршницата на воената вежба.

Воените маневри „Восток 2022″ (Исток 2022) се одржуваат на повеќе локации на рускиот исток и во Јапонското Море, со учество на повеќе од 50 илјади војници, 140 авиони, 60 воени брода и речиси пет илјади парчиња воена техника и борбени возила.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Добро се согласувам со Путин

Баро: Путин сака да избегне мир

Путин ги кажа условите за крај на војната во Украина: Москва одговори на заканите за санкции на Трамп

„Нема да не спречат да ја постигнеме нашата цел во Украина“: Русија одговори на заканите од Трамп со санкции

Трамп: Верувам дека Путин сака мир

Трамп и се закани на Русија