Владејачката конзервативна партија во Јужна Кореја „Сенури“ (Нов свет), води на денешните парламентарни избори во земјата, но може да се лиши од мнозинство според податоци од излезните анкети, јави ТАСС.
Според податоците од анкетите, „Сенури“ може да добие меѓу 121 и 143 места од вкупно 300 во Националното собрание.
Главната опозициска Демократска партија „Тобуро“ ќе освои меѓу 101 и 123 места, покажуваат резултатите од прогнозите.
На денешните избори одѕивот на избирачите бил 53,5 проценти. Во моментот се врши пребројување на гласовите. Првите резултати се очекуваат подоцна попладнево.