„Владеењто на Оланд – најлошата тиранија по Француската револуција“

Од:

Владеењето на францускиот претседател Франсоа Оланд претставува најлоша тиранија по Големата француска буржоаска револуција од 1789 години, изјави синоќа градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон.

„Никогаш досега во Франција немало таков терор и таква тиранија“, истакна ексцентричниот Џонсон во Бирминген, каде учествува на Годишната конвенција на владејачката британска Конзервативна партија на премиерот Дејвид Камерон.

Џонсон нагласи дека е подготвен „да ги прифати сите талентирани Французи“, кои ќе сакаат да ја напуштат својата татковина поради високите даноци и кои ќе можат да и помогнат на британската економија, мислејќи тука на богатите државјани на Франција кои се изложени на зголемени даноци по рефомите на даночниот систем што ги спроведе Оланд.

Според статистичките податоци, во Лондон во моментов живеат меѓу 300 и 400 илајди Французи.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина