Владата на Сиера Леоне нареди целото население на државата да остане по домовите од 19 – 21 септември за да се откријат полесно луѓето кои се заразени со вирусот на ебола.
Најтешката епидемија која ја зафати Западна Африка е вон контрола. Сиера Леоне каде од ебола животот го загубија најмалку 490 луѓе, е една од трите најтешко погодени од вирусот заедно со Гвинеја и Либерија.
Од почетокот на годината од тој вирус живот загубија над 2.000 луѓе.