Владата на САД ја разгледува можноста да му помогне на Детроит, чии власти побараа од судот да признае дека градот е банкротиран, соопшти потпретседателот Џо Бајден.
Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни прецизираше дека не се разгледува можноста федералните власти да ги исплатат долговите на Детроит, кои се помеѓу 17 и 20 милијарди долари, бидејќи овој проблем треба да го решат државата Мичиген, Детроит и доверителите, рече Карни.
Според него, проблемот не се дискутира на ниво на претседател и потпретседател, туку од страна на министерот за градежништво и урбанизам Шон Донован, помошникот на претседателот за економската политика Џин Спирлинг и советничката на Обама за внатрешнополитички прашања Валери Џарет.
Одлуката на властите на Детроит да побараат да се признае дека градот е банкротиран, беше оспорен од група државни службеници, кои во случај на банкрот, ги губат пензиските придонеси. Долгот на градот кон градскиот пензиски фонд е околу две милијарди долари.
Окружниот суд нареди привремено да биде запрена постапката за прогласување на банкрот, бидејќи со тоа се нарушува Уставот на државата Мичиген. Одлуката на судот е обжалена од обвинителството и шансите дека процедурата за прогласување на банкрот ќе биде запрена се мали.
Уште не е јасно кои долгови, сепак ќе треба да ги плаќа градот, дури и да биде прогласен банкрот. За тоа ќе содлучува Федералниот суд.