Владата на Либија заврши во хотел од седумдесетите

Од:

Три години откако запaдната воена интервенција помогна да се отстрани полковник Муамер Гадафи, многумина денес веруваат дека Либија брзо се претвора во пропадната држава. Постојат две ривалски влади, а парламентот кој беше избран во јуни, беше присилен да избега од непријателските милиции – во сива бетонска хотел од сеумдесетите години од минатиот век, во близина на границата со Египет.

Тие беа избрани да управуваат со огромната земја каде се наоѓаат најголемите резерви на нафта во Африка.

Тие ја претставуваат демократската иднина на земјата на која светот и помогна да се ослободи од тиранијата.

Но три години по падот на Гадафи, новите членови на парламентот во Либија не можат да продолжат со работата. Тие се заглавени во сив бетонски хотел во илјада киломери оддалечено пристаниште од главниот град Триполи – и водат осамена битка за која тие веруваат дека е против силите на милитантниот Ислам.

Тобрук, град со околу 120 илјади жители, на далечниот источен крај на Либија, е сега едно од последните прибежишта на меѓународно признатите власти. Милициите во јули го нападнаа Триполи и го натераа новозибраниот парламент за избега.

Легалната влада беше дури натерана и да изнајми грчки фериброд кој е вкотвен во пристаништето во Тобрук, и на него се сместени пратениците, активисти и нивните семејства. Тие избегаа по заканите за смрт во нивните родни градови.

– Ова не беше најлесниот парламент за составување, признава пратеникот Салах Сохби. Избран во градот Зинтан на западот на Либија, овој немарно избричен човек во стокмено сиво одело, претходно работел во Британскиот културен центар во Триполи.

Тој и неговото семејство морале да се измолкнат од Триполи на крајот на јули за да ги избегнат милициите. Биле бегалци во планините, а потоа одлетале за Тобрук. Но неговата приказна не е толку драматична.

– Синот на еден наш колега бил два пати погоден, вели тој. „Таткото на друг колега бил киднапиран. Кај друг пак, паднале четири ракети врз неговата куќа кога целото семејство било дома. Имаме колега чиј автомобил бил погоден со граната. Ништо што може да се случи, не не избегнува“.

Сега тој и други пратеници ги минуваат деновите глуварејќи во хотеското лоби од седумдесетите, со големи кремасти фотељи, или во недоглед пијат кафиња покрај базенот кој има поглед на Медитеранот.

Доцна во ноќта тие одржуваат парламентарни состаноци во хотелската конференциска сала.

Но изгледа како се да е залудно – жестоко се расправаат за новите закони и обврски на владата за земјата која е во хаос.

Нивниот парламент и влада се единствените кои се легитимно признати од ОН, но во самата Либија тие не контролираат ниту еден од клучните три града.

Во Триполи, стариот парламент – Општиот национален конгрес – продолжи да постои. Тие дури и си назначија своја ривалска влада.

Бенгази, вториот град по големина во земјата и штаб на револуцијата од 2011 година воглавно е во рацете на исламистичките борци, од кои некои се поврзани со Ал Каеда. Таму секојдневно има атентати врз службени лица, новинари и социјални активисти.

Мисрата, третиот град по големина и главното пристаниште во земјата, е исто лојално на властите во Триполи. Нивните милиции нив и ги држат на власт.

Во меѓувреме, Дерма кој е следниот град на брегот покрај Тобрук, се прогласи за исламски калифат. Таму не смее ниту еден владин претставни да припари.

Сето е жална последица по триумфот на револуцијата од пред три години, кога Гадафи беше на крајот сменет по кампањите со бомбардирања кои ги предводеше западот, со цел за да ги заштити револуционерите.

Француските и британските лидери, Николас Саркози и Дејвид Камерон, беа со овации поздравени од веселата маса народ кога го посетија Бенгази во септември 2011 гидина.

– Покажавте храброст како лавови – и ја поздравуваме вашата храброст, тогаш рече Камерон. Но овие лавови – либиските револуционерни милиции – не успеаја да се расформираат. Оттогаш, тие прават хаос во земјата, редовно го опседнуваат парламентот, заземаат министерства, еднаш дури го киднапираа и премиерот.

Некои милиции главно војуваат за интересите на нивните градови и области. Но некои се и поврзани со исламистички политички организации, меѓу кои и со Муслиманското братство.

Сегашната криза се распали кога исламистите загубија на изборите во јуни, а милициите од Мисрата и другите градови тргнаа да ја заземат престолнината. Стариот парламент одби да го признае новниот, затоа што немало формална церемонија на примопредавање на должноста. Но додека Триполи и Бенгази ги контролираат милиции, ваквото примопредавање е скоро невозможно.

– Сите ги опејуваат вредностите од револуцијата, но никој досега не седнал да разговара кои се овие вредности, и мислам дека токму тука се изгубивме, вели новиот пратеник Салах Сохоби.

– Некои земји го поддржаа Муслиманското братство, затоа што мислеа дека се овие момци во ред, исламисти се, но се умерени исламисти, кои јасно покажаа дистанца од џихадистите. И токму тука се случи грешката“.

Парламентот во Тобрук ги дефинира своте ривали од Триполи како „терористи“. Тоа обвинување ги разгневува. „Се уште ги браниме сите принципи од револуцијата од 17 февруари (со која беше сменет Гадафи)“, вели Омар ал Хаси, премиер назначен од стариот парламент во Триполи.

Тој вели дека се спротивставува на властите од Тобрук затоа што меѓу нив се некои службени лица и политичари кои претходно му служеле на Гадафи.

Но ал Хаси признава дека неговите сили во Бенгази се сојузници со џихадистички групи, меѓу кои и со Ансар ал Шарија, која е на лисата на САД како терористичка ортанизација – и учествувала во нападот врз американскиот конзулат во Бенгази во 2012 година, кога беше убиен амбасадорот Кристофер Стивенс.

– Во моментов постојат две сили. Едни од нив се Ансар ал Шарија – а други се револуционери од 2011 година, рече тој. „Тогаш заедно се бореа, а сега се борат едни против други“.

Очигледната алијанса ги загрижува не само новите пратеници во Тобрук, туку и многу обични либијци. Фарес Лабеди е млад нафтен инженер кој верувал дека револуцијата ќе донесе слобода и нови работни места во земјата каде тој и многу од неговите пријатели биле невработени.

Денес тој се уште е без работа – и смета дека животот под Гадафи во некои нешта бил подобар и акога барем постоела безбедност.

– Денес не размислувам за мојата работа. Размислувам за тоа како да останам безбеден, рече тој. „Ако сакам да одам од Тобрук до Бенгази, треба 100 пати добро да размислам за тоа. Џихадистите ги има насекаде низ Либија. Ќе ме фатат, бидејќи сум од Тобрук“.

Неговиот брат Факри работи на нафтен извор во Рас Лануф, повеќе од 500 километри западно од Тобрук, но нема да се врати таму затоа што се плаши да не биде киднапиран на патот до таму, па дури и обезглавен.

Либија се дели, рече тој. „Еден дел е на армијата и полицијата, а друг дел на исламистичките групи… Можеби со тие групи ќе се бориме засекогаш“.

Либискиот конфликт веќе стана дел од меѓународната раширена војна помеѓу конкурентските моќни блокови на Блискиот исток. Дипломати велат дека две антиисламски држави, Египет и Соединетите Арапски Емирати, им даваат воена поддршка на властите кои се смесетни во Тобрук. Од друга страна, Катар и Судан се обвинети од избраните власти дека ги подржуваат исламистичките бунтовници – иако тие го негираат тоа.

Странски дипломати се обидуваат да посредуваат во мировни преговори помеѓу двете страни – а некои веруваат дека конфликтот кој има корени и во либиските племенски и регионални феуди, може на крајот да биде решен со компромис.

– Полициската станица од другата страна на улицата беше запалена. Полицјаците се качуваа на покривот кој е на иста висина како и зградата каде што живеам. Ги гледав од другата страна на улицата, а и тие гледаа кон мене. Немав ниту струја, ниту вода. Храната која ја сочував ја снема за ден или два. Штедев на водата четири или пет дена, а потоа и таа се потроши. Потоа почнав да пијам од тоалетната шоља“.

Но пратеникот Салах Сохоби, како и повеќето негови колеги во Тобрук, само бара силите во Триполи да го положат оружјето и да се предадат.

Тој верува дека ако не бидат победени, целиот свет се соочува со екстремистичката закана во Либија која е поголема дури и од онаа од милитантите од Исламска држава во Сирија и Ирак.

– Да го земеме за пример најлошото можно сценарио, вели тој додека гледаме кон разбрануваниот Медитеран од натрупаната хотелска соба, која е сега и негова парламентарна канцеларија.

– Ако исламските милитанти еден ден ја заземат цела Либија, што ќе се случи? Од тука до Италија има два часа (преку морето), Крит од тука може да се види при јасни вечери…Ако некој посака да испали ракети, тоа значи да започне разурнувања во Европа, и тие можат да го сторат тоа ако ја имаат таквата контрола“.

Во малиот изолиран Тобрук, тие мислат дека западот мора да е слеп кога не ја гледа таа закана. Западни дипломати се обидуваат да посредуваат во мировни преговори во Либија – но засега има многу малку прогрес. А западните влади кои се сега преокупирани со Сирија и Ирак, не се вољни за понатамошно воено мешање во земјата.

Стратешката црна дупа која се отвара на јужните брегови од Медитеранот нема шанси да биде исполнета со функционални држави, барем не наскоро.

 

Би-Би-Си – Лондон

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски