Владата на Белгија ќе распореди уште 300 војници на улиците во белгиските градови

Од:

Белгиската Влада денеска одлучи да распореди дополнителни 300 војници на улиците на градовите ширум Кралството Белгија, а по одлуката да се зголеми степенот на безбедност во земјата на Трето ниво од вкупно четири, јави дописникот на МИА од Брисел.
– Денеска ќе бидат распоредени дополнителни 300 војници, покрај 220-те војници што веќе одамна патролираат на улиците во белгиските градови. Во деновите што следуваат, белгиската полиција и Кризниот центар постојано ќе вршат проценка на состојбата и за потребните капацитети. Министерството за внатрешни работи ќе одлучи за тоа каде ќе бидат распоредени војниците за да им помогнат на полицајците – се вели во соопштението на Владата на Кралството Белгија.
Присуството на припадници на белгиската Армија на улиците во градовите во оваа земја, всушност не е престанато уште по нивното распоредување по настаните во градот Вервие на почетокот на оваа година, кога во анти-терористичка операција, полициските специјални единици убија двајца, а уапсија неколкумина терористи што планирале напади врз полициски станици и врз полицајци. Токму пред институциите на Европската унија и на НАТО во Брисел, како и пред амбасадите на САД, Израел и на земји-членки на ЕУ, белгиски војници под целосно вооружување патролираат непрестано веќе десет месеци.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски