Владата на Авганистан за 3 месеци загубила 2% од територијата контролирана од неа

Од:

Авганистанската Влада во периодот јуни-август загубила контрола или влијание врз два отсто од територијата на Авганистан што беше под нејзина власт, се наведува во американски владин извештај.

Специјализираната главна инспекција за обновување на Авганистан во својот извештај нагласува дека територијата што се наоѓа под контрола или влијание на авганистанската Влада е намалена од 65,6 отсто кон крајот на мај на 63,4 проценти кон крајот на август.

Оценката е дадена врз основа на податоци, доставени од американските сили во Авганистан.

– Сметаме дека Авганистанците имаат контрола или влијание врз 68 до 70 проценти од населението, изјави во септември генерал Џон Николсон, под чија команда се силите на САД и НАТО во Авганистан.

Според извештајот, околу една третина од Авганистан е или под контрола на бунтовниците или постои опасност да падне во нивни раце.

Документот ја потенцира опасната ситуација со безбедноста во земјата и ги содржи предизвиците, кои доаѓаат од талибанците и другите вооружени групации.

Над 5.500 авганистански војници се убиени од почетокот на годината, а ранети се 9.665, се додава во извештајот.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан