Вкупно 651 мигрант се спасени денеска во Средоземно Море

Од:

Вкупно 651 мигрант се спасени денеска од водите на Средоземно Море во неколку спасувачки операции, соопштија крајбрежната стража и Воената морнарица на Италија.

Невообичаено добрите временски услови за овој период од годината веројатно ги натерале луѓето повторно да тргнат на пат од либискиот брег кон Италија.

Крајбрежната стража спасила 360 лица, кои пловеле со три гумени чамци. Брод на организацијата „Лекари без граници“ спаси 96, а потоа уште други 95 мигранти од два пловни објекти во Сицилискиот Теснец.

Воената морнаррица соопшти дека нејзин брод спасил 100 мигранти, а во друга операција било пронајдено тело на едно лице.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто