Најмалку 37 лица загинаа, а 40 се водат како исчезнати по поплавите и свлечиштата во северниот и централниот дел на Виетнам, соопшти Службата за итни случаи во земјата.
Смртни случаи биле регистрирани во шест провинции, откако неделава голем дел од Виетнам го зафатија обилни врнежи. Северниот регион Хоа Бин е најзагрозен со 11 мртви и 21 исчезнато лице.
– Ќе ги мобилизираме сите сили во потрага по исчезнатите, изјави претставник на оваа виетнамска покраина.