Вкупно 183 бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) се убиени во операциите на турските безбедносни сили, соопшти Генералштабот на турската армија.
Досега во операциите во Џизре во округот Шарнак убиени се 122 терористи, во Силопи во истиот округ загинаа осуммина припадници на ПКК, во квартот Сур во Дијарбекир – 30, во округот Битлис – четворица и во округот Мардин загинаа 19 терористи.
Турските безбедносни сили повеќе од една недела спроведуваат голема операција против активистите на младинското крило на ПКК во неколку градови во југоисточниот дел на земјата, вклучително Џизре, Силопи, Сур и Нусајбин.