Вкупно 11 држави го тужат Бајден поради наредбата за вакцинација

Од:

Единаесет американски држави поднесоа тужба против наредбата на американскиот претседател Џозеф Бајден, според која десетици милиони луѓе во компании со 100 или повеќе вработени мора да се вакцинираат против коронавирусот или да се тестираат еднаш неделно.

– Оваа наредба е неуставна, незаконска и не е мудра, се наведува во судскиот поднесок на главниот обвинител на Мисури, Ерик Шмит, еден од неколкуте републиканци кои се борат за отворено место во Сенатот следната година.

Во неговата тужба, поднесена во Осмиот Окружен Апелациски суд на САД во Сент Луис, се тврди дека надлежноста за задолжителна вакцинација им припаѓа на државите, а не на федералната влада.

Службата за заштита при работа вчера соопшти дека компаниите кои нема да го почитуваат новото правило за вакцинација се соочуваат со казна од речиси 14.000 долари по човек.

Наредбата се однесува на околу 84 милиони работници во средни и големи компании, а сè уште не се знае колку вработени се веќе вакцинирани.

На Мисури во тужбата му се приклучија државните обвинители од Алјаска, Аризона, Арканзас, Монтана, Небраска, Њу Хемпшир, Северна Дакота, Јужна Дакота и Вајоминг.

Канцеларијата на демократскиот јавен обвинител Том Милер, исто така, се приклучи кон тужбата, заедно со неколку приватни, непрофитни и религиозни работодавци.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии