Вкупната имиграција во Велика Британија заголемена за 50 отсто

Од:

Вкупната имиграција во Велика Британија, за само една година е зголемена за 50 отсто и сега изнесува 318 илјади странци, покажуваат најновите податоци на Националното биро за статистика (ОНС).

На крајот од 2014 година, во земјата имало 109 илјади повеќе странски имигранти, отколку на крајот од претходната година, при што зголемување е забележано како кај имигрантите од земјите членки на ЕУ, така и од оние дојдени во Британија од други земји кои се дел од Унијата.

Според анализата на експертите на ОНС, вкупната имиграција на крајот од минатата година, е сосема блиску до состојбата во 2005 година, кога е достигнат рекорд во странските имигранти.

Податоците на Бирото за статистика кои денеска беа објевени, откриваат дека во минатата година во Велика Британија дошле 641 илјада странски имигранти, додека малку над 323 илјади ја напуштиле земјата.

Од оние кои пристигнале, дури 284 илјади влегле во Британија за да работат, што е за 70 илјади повеќе отколку во 2013 година.Од нив 46 илјади имигранти допатувале од Романија и Бугарија, а тоа е двојно повеќе отколку во претходната година.

Во првиот квартал од оваа година, бројот на вработените кои не се Британци, од земјите на ЕУ, изнесува 283 илјади повеќе отколку минатата година.

Ваквите податоци на ОНС во Лондон се оценуваат како „неуспех на имиграционата политика „на владата на премиерот Дејвид Камерон.Уште пред пет години, кога прв пат беше избран за британски премиер, тој објави дека вкупната имиграција во земјата ќе биде сведена на помалку од 100 илјади странци, односно на нивото од времето кога Маргарет Тачер била во Даунинг стрит 10.

Странската имиграција, а посебно онаа од земјите на ЕУ, а најчесто тие се од Источна Европа, беше една од главните теми во текот на предизборната кампања.Конзервативците на Камерон, кои сега сами раководат со владата во Лондон, бараат нови преговори со Брисел околу спогодбите на ЕУ, а посебно онаа за слободнто движење на работната сила низ земјите на Унијката.

Камерон по изборите најави дека ќе продолжи со барањето да се обезбеди нов статус за Британија и референдум за останување или напуштање на ЕУ, а во меѓувреме, озаконување на новите прописи за имигрантите од Унијата, кога станува збор за користењето на социјалните бенифиции.

Антиевропската и антимигрантската Партија за независност на Обединетото Кралство (УКИП), на изборите од 7 мај освои 12,5 отсто од гласовите, покаживајќи дека нејзината популарност кај Британците се зголемува, а посебно во Англија.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он