Над 11 милиони лица веќе го дадоа својот глас на предвремените претседателски избори во Јужна Кореја, јави ДПА.
Раното гласање, во четвртокот и петокот, го искористиле над 26 проценти од регистрираните 42,5 милиони избирачи во земјата, посочува весникот „Чосун илбо“, цитирајќи податоци на Националната изборна комисија.
Редовното гласање ќе се одржи утре.
Излезноста бележи значително зголемување во споредба со минатогодишните општи избори во Јужна Кореја, кога на раното гласање излего не повеќе од 12,2 проценти од избирачите.
Годинава првпат е можно рано да се гласа и на претседателските избори.
Јужнокорејците гласаат за наследник на поранешната претседателка Парк Гуен-хје, која по корупциски скандал беше отстранета од функцијата.
Јужна Кореја, позната по својот извоз на високотехнолошки производи, се соочува со зголемена невработеност меѓу младите, високо ниво на долгови на домаќинствата и страв од обедување меѓу повозрасното население, а, исто така, и пред ескалирачки тензии во односите со соседна Северна Кореја, заради нејзината програма за нуклеарно оружје.
Во Јужна Кореја денот на изборите официјално е прогласен за неработен ден, поради што многу луѓе и денеска си земаа слободен ден.