Висок комесар за бегалци на ОН: Спасувачките операции во Медитеранот станаа заложници на политиката

Од:

Високиот комесар за бегалци на ОН изјави дека само малку од милионските сириски бегалци во странство се вратиле во својата татковина, и посочи дека спасувачките операции во Медитеранот станале „заложници на политиката” и треба да продолжат.

Италијанецот Филипо Гранди зборуваше на редовниот годишен состанок на Извршниот комитет на Агенцијата за бегалци во Женева и ја повика Европската унија да ја задржи својата актуелна политика за обезбедување на азил на мигрантите.

Тој забележа дека Либија, која е главната локација од која мигранти одат низ Средоземното Море во Европа, во последните месеци ја зајакнала својата крајбрежна стража, но, не и другите институции. Како резултат на тоа, многу мигранти и бегалци се насилно вратени во Либија, каде што се жртви на експлоатација и апсење во ужасни услови.

– Така споделувањето одговорност се претвори во бегство од одговорност, рече Генди, осврнувајќи се на аргументите на ЕУ за миграцијата.

– Одбивањето на овие луѓе не може да биде одговор, а пазарењето за секој поединечен брод (со бегалци), дури и кога преговорите завршуваат успешно, не е добро решение, рече тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ