Вирусот Зика регистриран и во Португалија

Од:

Вирусот Зика, што се пренесува со убод на комарец, потврден е кај пет лица во Португалија, кои неодамна престојувале во Бразил, но станува збор за полесни случаи, соопшти Националниот здравствен завод во земјата.

– До денеска имаме пет потврдени случаи, сите се заразени во Бразил. Тие луѓе не се во болница, и не им е потребна натамошна медицинска помош бидејќи се работи за полесни случаи, соопшти Заводот.

Вирусот Зика го пренесуваат исти комарци „аedes aegipti“ кои ја пренесуваат денга грозницата и жолтата грозница.

За овој вирус не постои лек, а инфекцијата предизвикува симптоми како температура, коњуктивитис и главоболки.

Светската здравствена организација претходно предупреди дека опасниот вирус Зика би можел да се прошири во голем број земји и оти најверојатно ќе дојде до ширење на вирусот во сите држави на Јужна и Северна Америка, освен во Канада и Чиле.

Вирусот е најопасен за бремените жени бидејќи влијае на фетусот, а децата се раѓаат со оштетувања на мозокот што може да предизвика и смрт.

Научниците тој вирус го поврзуваат со оштетувања на мозок кај повеќе илјади новороденчиња во Бразил.

Би можело да ве интересира

Француска компанија близу до развојот на вакцина за вирусот зика

Ана Ололовска

СЗО: „Голема е веројатноста“ за ширење на вирусот зика ширум Азија

Ана Ололовска

САД: Предупредувања за патувања во 11 држави од југоисточна Азија заради Зика

Ана Ололовска

Љубљана демантира дека е регитриран прв случај на зика во Словенија

Емир Латифовиќ

Словенечки олимпиец заразен со вирусот зика во Бразил

Предраг Петровиќ

Препораки на СЗО против ширењето на вирусот зика

Ана Ололовска