Љубљана демантира дека е регитриран прв случај на зика во Словенија

Од:

Словенечкиот министер за здравство Милојка Колар Целарч денеска ги демантираше тврдењата на љубљанскиот таблоид „Словенске новице“ дека е потвреден првиот случај на лице заразено со вирусот зика во Словенија.

Весникот тврдеше дека Институтот за јавно здравје на Словенија го потврдил првиот случај на зика во земјата, додавајќи дека станува збор за словенечкиот одбојкарски репрезентативец Јан Клобучар.

– Лицето за кое што се тврди дека е заболено, не е инфицирано со вирусот зика, изјави Колар Целарч, при доаѓањето на редовната седница на словенечката Влада.

„Словенске новице“ тврдеше дека Клобучар се заразил со вирусот зика за време на подготовките во Бразил, во пресрет  на Олимписките игри во Рио де Женеиро. Тој наводно по враќањето во Словенија добил висока температура и болки во мускулите, додека останатите репрезентативци немале такви симптоми.

Како што јави словенечката агенција СТА, според критериумите на Светската здравствена организација, Словенија е во групата на земји со умерен ризик за ширење на вирусот зика.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он