Вирусот МЕРС се појави и во Тајланд

Од:

Тајландските здравствени власти денеска соопштија дека во Бангкок е хоспитализиран 75-годишен државјанин на Оман, кој во понеделникот допатувал во земјата за да се лечи од болест на срцето, за кого е утврдено дека е инфициран од опасниот вирус МЕРС.

Веднаш по потврдувањето на дијагнозата, дека пациентот е заразен со вирусот МЕРС, кај нас познат и како Нилска треска, изолирани се 59 лица од аеродромот и хотелот во Бангкок, кои имале подиректен контакт со заболениот.

Веста за појавата на првиот случај на заболен со смртоносниот вирус вон Јужна Кореја значително го зголеми стравот на населението во овој дел на светот. За инфицираните од вирусот МЕРС се уште нема лек, а таа е опасна и за целосно здравите луѓе.

Болеста, од Саудска Арабија во Јужна Кореја е пренесена минатиот месец, а до утрово од неа во оваа источноазиска држава починаа 24 лица. Вкупно се инфицирани 166 лица, а во карантин се уште има над 5.500 жители на Сеул и поблиските градови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач