Викинзите користеле компас по залезот на Сонцето

Од:

Често сметани за безобзирни крадци, Викинзите исто така биле импресивни морепловци, способни да го поминат Северен Атлантик речиси праволиниски.

Новите толкувања за средновековниот компас укажуваат дека морските крадци вешто го користеле Сонцето за навигација со компас, дури и кога ќе зајде зад хоризонтот.

Остатоци од наводниот компас, познат како Унарток диск, најдени се на Гренланд во 1948 година во манастир од XI век. Иако некои истражувачи прво сметале дека претставува едностран декоративен предмет, други сугерирале дека дискот бил значаен навигациски алат, кој Викинзите го користеле во тек на своите 2.500 километарски селидби од Норвешка на Гренланд.

Иако е зачуван само половина диск, се проценува дека имал пречник од седум сантиметри со централна игла која фрлала сенка на Сонцето и го покажувала кардиналниот правец.

Истражувачите од Универзитетот Етвеш Лоранд во Унгарија, ги проучиле остатоците детално. Заклучиле дека дискот иако можел да функционира како единствен елемент, најверојатно бил користен со други алати, вклучувајќи неколку кристали и рамна дрвена плоча, за да помогне во навигацијата кога Сонцето било ниско на небото или дури под хоризонтот.

– Кога Сонцето е ниско над хоризонтот, дури и сенка од мал предмет може да падне од бродот, што е многу чест случај во северните мориња – рече еден од авторите на истражувањето Балаш Бернат.

Бернат и неговите колеги сметаат дека за решавање на овој проблем на долги сенки, Викинзите користеле низок предмет налик на купола во средината на компасот, за да направат поширока и покуса сенка од таа која е типична на Сончевиот часовник. Широката дупка во центарот на дискот, за која порано се мислело дека претставува место на кое се поставува компасот, може да служи како основа за овој т.н. централен гномон.

Научниците сметаат дека за лоцирањето на Сонцето по залезот, Викинзите користеле неколку кристали познати како сончеви камења, кои се калцитни камења кои произведуваат шари кога се изложени на поларизација на УВ зраците во сончевата светлина. Кога кристалите се држат кон небото, ориентацијата на овие шари на камењата може да помогне во лоцирање на позицијата на Сонцето зад хоризонтот.

Кога Викинзите ја одредувале позицијата на сокриеното Сонце, можеле да користат посебно дизајнирана дрвена плоча наречена засечен стап, за да симулираат сенка на гномонот, врз основ на аголот под кој би го погодило сокриеното Сонце. Положбата на надворешната ивица на имагинарната сенка потоа можела да се користи за одредување на нивниот кардинален правец.

Истражувачите спровеле теренско истражување за да ја проценат веројатноста на прецизноста на овој т.н. компас на самракот и откриле дека работел со грешка од само четири степени, што е подобро од другите форми на небесната навигација и приближно модерните џебни компаси.

– Можеби не е најдобар начин, но секако е од голема помош – рече Бернат.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ