Викилкс: Сноуден доби статус на бегалец во Русија

Од:

Поранешниот американски разузнавач во Националната безбедносна агенција (НСА) Едвард Сноуден доби статус на бегалец во Русија, објави Викиликс.

Претходно, руски медиуми објавија дека Сноуден добил потребни документи и го напуштил московскиот аеродром Шереметјево. Сноуден во московскиот аеродром беше од 23 јуни.

Британски „Гардијан“ вчера објави за тајниот систем за надгледување „Екскискор“ кој и овозможува на НСА да ги следи речиси сите активности на типичен корисник на интернет.

Повикувајќи се на доверливи документи обезбедени од Сноуден, британскиот весник истакнува дека таа програма претставува најраспространет систем за собирање податоци.

Весникот истакнува дека на аналитичари од НСА не им е потребна претходна дозвола за пребарување електронска пошта, активности на социјални мрежи и историја на пребарување на интернет.

Инфраструктурата се состои од 500 сервери, а мапата објавена од весникот покажува дека на секој континент има сервери како на територии на американски сојузници така и на ривали како Русија, Кина и Венецуела.

Програмата се разликува од другите досега обелоденети кои САД ги користат за надзор на интернет бидејќи овозможуваат пребарување речиси на сите онлајн активности.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска